КОЈ СЕ СОМНЕВА ДЕКА ВО ГРАДИНКИТЕ ВО БУТЕЛ ИМА НАСИЛСТВО КОН ДЕЦА, ВЕДНАШ ДА ПРИЈАВИ! На 075 274 421 алармирајте го градоначалникот Костовски
По сомневањата за насилство врз децата во градинката „11 Октомври“, градоначалникот бара граѓаните да пријават, а тој ветува дека веднаш ќе реагира.
Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел, преку Фејсбук ја извести јавноста дека до него пристигаат информации дека во некои од клоновите на градинката „11 Октомври“, од страна на некои воспитувачки и негувателки, се врши „одредено несоодветно однесување кон згрижените дечиња“. Има дури и сомнение за одредено насилство.
„Јас лично како градоначалник пред две недели, по добиени информации, охрабрив родители да покренат постапка со која што градинката спроведе дисциплинска постапка поврзана со сличен настан, за да пред неколку дена го направам истото за друг сличен настан и друга случка.
Во оваа прилика сакам да ги охрабрам сите родители, доколку имаат вакви или слични проблеми, веднаш да пријават до матичната градинка или пак до Општина Бутел поточно одделението за јавни дејности. Секако ако има посериозни показатели да пријават и до јавното обвинителство Скопје. Веднаш!“, апелира Костовски.
„Не би сакал да верувам дека имало било какво насилство врз дечињата во предшколска возраст, уште помалку би сакал да верувам дека некои од раководните кадри на градинките знаеле за ваков или сличен настан а не пријавиле веднаш. Доколку има нешто реално од горенаведеново, ви ветувам дека јас лично ќе отидам до самиот крај на постапките предвидени согласно прописите и кривичниот закон.
На овој телефонски број 075 274 421 можете да пријавите било каков сомнеж за несоодветно постапување од вработените во градинките при општина Бутел. Во период од 09:00ч до 16:00ч, секој работен ден од понеделник до петок.
Во следниот период од страна на мојот кабинет ќе бидат контактирани буквално сите родители да го искажат својот став поврзан со услугите од градинките“, напиша Костовски на Фејсбук.
Линк од Фејсбук статус на