КОЈ САКА ДА ГО ОСТАВИ КРЊЕВО БЕЗ ВОДА? Во цевките набутале камења и решетка
Бидејќи се работи за сериозен прекршок, оттаму нагласуваат дек случајот ќе биде пријавен во МВР, а доколку се открие сторителот, месната заедница Крњево ќе бара ригорозна казна.
Непознато лице уфрлило метална решетка, камења и најлон во доводната цевка за вода за пиење за кавадаречкото село Крњево.
– Во текот на вчерашниот ден, по извршена ревизија на каптажите за доводот на вода за село Крњево, утврдено е дека непознато лице, во доводните црева за село Крњево вметнало камења, метална решетка и кеса, со цел жителите на Крњево да останат без потребното водоснабдување – појаснуваат од месната заедница на ова кавадаречко село.
Бидејќи се работи за сериозен прекршок, оттаму нагласуваат дек случајот ќе биде пријавен во МВР, а доколку се открие сторителот, месната заедница Крњево ќе бара ригорозна казна.
Месната заедница на селото повикала да се интервенира во водоводниот систем, по што било утврдено дека се работи за намерно фрлање на најлонот, решетката и камењата со цел луѓето да останат без вода, информира МИА.