КОЈ НЕ САКА МИР? Захарова тврди дека намерата на ЕУ е да ги прекине руско-американските преговори за Украина

903

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека одредбите од новата одбранбена стратегија на ЕУ за помош на Украина укажуваат на намерата на Европа да ги прекине руско-американските преговори за Украина.

– Сето ова јасно ја покажува непроменливоста на курсот на раководството на Европската Унија и на мнозинството нејзини земји-членки кон поткопување на руско-американските напори за градење дијалог за изнаоѓање начини за мирно решавање на украинскиот конфликт – рече Захарова на брифинг.






Според неа, во тек се подготовки за средби меѓу Русија и САД за Украина, вклучително и договор за датумот на состанокот и составот на делегациите.

Коментирајќи ја најавата на Пентагон за продолжување на испораката на воена помош за Киев, Захарова оцени дека испораката на американско оружје за Украина е во спротивност со изјавите на Вашингтон за неговата намера да постигне дипломатско решение на украинската криза.

Поврзани содржини