Кој не му ја честиташе победата на Бајден?

АФП пишува дека победата на Бајден е удар за Болсонаро, кој често се поврзува со Трамп, и тој го поддржуваше до самиот крај на кампањата.

1,500

Од моментот кога беше објавена веста за победата на Џо Бајден на претседателските избори, почнаа да пристигнуваат реакции од целиот свет. Бајден добиваше честитки од светските лидери од Канада до Индија, но има и такви кои сè уште не се огласиле.

Од лидерите на ЕУ, Германија и Франција и скоро сите членки на Унијата, преку Велика Британија, Македонија, Канада, Израел, Јапонија, Индија, Јужна Кореја, Ирак и Пакистан до Аргентина, Перу и Чиле, од саботата пристигнуваат честитки за изборот на Бајден на функцијата најмоќната должност во светот.






Познато е дека сегашниот претседател Доналд Трамп беше миленик на претседателот на Бразил, Жаир Болсонар, како и на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, па не е изненадувачки што двајцата се уште не се огласиле.

АФП пишува дека победата на Бајден е удар за Болсонаро, кој често се поврзува со Трамп, и тој го поддржуваше до самиот крај на кампањата.

Орбан исто така не му честиташе на Бајден, а весникот „Ориго“, инаку провладин медиум, пишува за „Хаос во Америка“.

Патем, Орбан е единствениот лидер на Централна Европа кој не му честиташе на Бајден и еден од двајцата европски лидери кои не му честитаа. Втор е премиерот на Словенија, Јанез Јанша, кој му честиташе на Трамп предвреме.

Јанша со нетрпение го очекуваше предвременото прогласување победа на Трамп, па побрза и му честиташе, но тој сè уште не се огласи за Бајден.

На Бајден не му честиташе „првиот сосед“, претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез, кој тоа го рече отворено и нагласи дека ќе го чека судскиот исход на изборите.

Тимот на Трамп поднесе тужби оспорувајќи ги резултатите од изборите. Досега, Трамп не покажа подготвеност да го признае поразот, тој тврди без доказ дека му е украдена победата, а наместо тоа неговиот правен тим се обидува на секој начин да ги оспори изборните резултати. Останува да се види дали тоа ќе успее, проценува германската новинска агенција ДПА, додавајќи дека е под знак прашалник дали ќе може да се стори со зголемениот консензус за исходот на американските избори.

Поврзани содржини