КОЈ МОЖЕ ДА НИ ГАРАНТИРА ДЕКА ОВА Е ПОСЛЕДНОТО БАРАЊЕ? Мицкоски во Вашингтон одлучно ја брани позицијата на Македонија во спорот со Бугарија

Но, дали ова е последното барање? Кој може нам да ни гарантира дека ова е последно барање? Во ред, немаме одговор на тоа прашање. Која институција во Европа е задолжена да суди дали нечии права се испочитувани? Зборуваме за судот за човекови права во Стразбур. Ние имаме 14 пресуди од судот во Стразбур кои велат дека човековите права на македонската заедница во Бугарија се под рестрикција, додека дека такво нешто нема за бугарското малцинство во мојата држава, рече премиерот.

1,341

Премиерот Христијан Мицкоски одржа предавање на престижниот Универзитет Џон Хопкинс во Балтимор каде зборуваше и за уставните измени одлучно бранејќи ги македонските позиции во спорот со Бугарија.

Тој ги спомна 14 пресуди во Стразбур во корист на македонското малцинство во Бугарија, а потсети и дека никој не може да ни гарантира дека внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав ќе биде последно барање за отпочнување на преговорите со ЕУ:






– Ние нема да можеме да ги отпочнеме преговорите ако не вметнеме неколку стотини наши граѓани во Уставот. Што значи дека тоа е дел од бугарското малцинство во Македонија. Но, дали ова е последното барање? Кој може нам да ни гарантира дека ова е последно барање? Во ред, немаме одговор на тоа прашање. Која институција во Европа е задолжена да суди дали нечии права се испочитувани? Зборуваме за судот за човекови права во Стразбур. Ние имаме 14 пресуди од судот во Стразбур кои велат дека човековите права на македонската заедница  во Бугарија се под рестрикција, додека дека такво нешто нема  за бугарското малцинство во мојата држава. И тука се поставува логичното прашање, чии права се повредени и која е целта на таквиот чекор?

Зборувајќи за ветото на Бугарија, тој истакнал дека треба да се разговара за вистински добрососедски односи, но тие да бидат двонасочни. Македонските граѓани, рече Мицкоски, премногу жртвуваа за европската перспектива и доста е со понижувања.

– Ние не сме политичари полни со наводи за криминал и корупција какви има во регионот. Ќе ги штитиме нашите интереси, подготвени сме да разговараме со аргументи, да ги презентираме истите, да видиме чии аргументи ќе преовладеат. Македонските граѓани за европската перспектива дадоа како никој досега – подвлекува Мицкоски.

Премиерот зборуваше и за насушната потреба Македонија да се справи со корупцијата и со криминалот, велејќи дека постои сојуз меѓу политичките елити, обвинителите и судиите кој мора да биде одлучно разбиен.

Мицкоски кажа дека од самиот почеток тргнал со идејата за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, затоа што тие две институции имаат само 2 отсто доверба меѓу граѓаните.

– Кога има проблем треба да се соочиме со него и да се даде решение. Има експерти кои се против, но никој не дава решение како да се реши истиот. Ние сега имаме статус кво, но ќе ја продолжиме нашата борба, во насока да донесеме правда и надеж, тие два столба одат заедно, во спротивно би потфрлиле – истакнува Мицкоски.

Тој потенцираше дека ќе се бори за своите ставови, ќе се соочи со аргументи со сите експерти, затоа што народот е гладен за правда.

Осврнувајќи се на ситуацијата во светот, премиерот рече дека тоа што се случува во Украина е закана за човештвото, а дека Македонија е меѓу првите пет поддржувачи и донори на Украина.

 

 

 

 

Поврзани содржини