🎥 КОЈ МАНИПУЛИРА СО ПРАТЕНИЧКИОТ МАНДАТ? Битиќи, лесно е да се лаже од говорница, вели Димитриевска Кочовска
Многу е лесно да се лаже и манипулира со пратенички имунитет. Храбар и сигурен, се врати двапати на говорницата, те повикувам истото да го повториш и надвор од Собранието му се обрати министерката Гордана ДимитриескаК очоска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.
Инаку, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, тој упати прашање до министерката за финансии, а се однесуваше на реалната состојба со јавниот долг и тековните задолжувања на државата.
– Која е реалната состојба со јавниот долг на државата и дали Министерството за финансии планира да ја ревидира стратегијата за задолжување, земајќи ги предвид зголемените трошоци за камати, растот на БДП од 3% во првиот квартал и над 700-те милиони евра на пријавени доспеани, а неизмирени обврски на буџетските корисници?“
Министерката Фимитриеска-Кочоска одговори дека за седум години претходната влада направила долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење 3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму.
Димитриеска Кочоска истакна дека во континуитет претходната влада се повикува дека 2 милијарди биле искористени за антикризни мерки, иако Државниот завод за ревизија објави дека само 400 милиони евра се потрошени за антикризни мерки.
– Кога станува збор за јавен долг имате најмалку право да зборувате кој го зголемил долгот за 3,3 милијарди и тоа е факт којшто ќе ѕвони уште 30 години – рече таа.