КОЈ И ДА КРЕНЕ РАКА НА НАС, ДОБИВА НЕВИДЕНИ УДАРИ! Нeтанјаху со жестоки зборови на годишнината од терористичкиот напад на Хамас

Нашите крволочни непријатели нè удрија силно, но не нè скршија - рече израелскиот премиер Нетанјаху.

973

Одбележувајќи ја втората годишнина од нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година од страна на палестинската милитантна група Хамас, премиерот Бенјамин Нетанјаху вчера вети дека ќе продолжи да ги остварува воените цели на Израел, јави ДПА.

Израелскиот претседател Исак Херцог вчерашниот ден го нарече ден кога „душата на Израел беше растргната“, јави ДПА. Во порака објавена на социјалната мрежа X, Херцог рече: „Од длабочините на тагата црпиме сила; од пепелта на трагедијата градиме обнова“.






– Нашите крволочни непријатели нè удрија силно, но не нè скршија. Кој и да крене рака против нас добива невидени удари – рече израелскиот премиер Нетанјаху.

Нетанјаху рече дека Израел е „во денови на историска одлука“, ветувајќи дека „ќе продолжи да дејствува на секој начин за да ги врати сите заложници – и живите и оние што беа убиени“.

– Ќе продолжиме да дејствуваме за да ги постигнеме сите цели во војната“, додаде Нетанјаху, наведувајќи го „враќањето на сите наши заложници, елиминирањето на владеењето на Хамас и обезбедувањето дека Газа никогаш повеќе нема да претставува закана за Израел.

Во нападот на Хамас и други исламистички милитанти на 7 октомври 2023 година загинаа околу 1.200 луѓе, а повеќе од 250 беа однесени во Газа како заложници. Нападот ја предизвика актуелната воена интервенција во Газа. Се смета дека Хамас сè уште држи 20 живи заложници, заедно со телата на повеќе од 20 други.

Пишувајќи на социјалната мрежа Х израескиот претседател Херцог ја опиша историјата на како историја на отпорност, на народ „кој никогаш нема да се откаже, никогаш нема да попушти и никогаш нема да престане да верува дека светлината ќе ја победи темнината“.

Херцог, исто така, го осуди она што го нарече „плима“ на антисемитизам што го зафаќа целиот свет, нагласувајќи дека Израел стои покрај еврејските заедници ширум светот.

Тој им се заблагодари на меѓународните партнери и сојузници на Израел за пораките на солидарност на годишнината, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, на кого му ја припиша заслугата за неговите „неверојатни напори“ за враќање на заложниците дома и промовирање мир на Блискиот Исток.

Поврзани содржини