КОЈ ГО ПРАВЕЛ ПРОЕКТОТ И ОД КОГО Е ОСИГУРАНА УНИВЕРЗАЛНА САЛА? Данела вели дека нема да поминат заканите од министерката за култура

И покрај тоа што се обиде денеска да ја навреди целата администрација на Градот Скопје, за жал тоа нема да помине, затоа што ние укажувавме две години дека по тој проект кој некој друг го примил во Градот Скопје во март 2021 година, по кој што распишал јавна набавка и отпочнал со реализација на набавката, е увидено уште во првиот месец на отпочнување со работа дека е невозможно да се работи, рече Арсовска на пресконференција.

1,477

По изјавата на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска дека ќе ја тужи за клевета градоначалничката на Скопје, се огласи градоначалничкта Данела Арсовска која денеска на прес конференција истакна дека нема да поминат заканите за тужба насочени кон нејзе.

Таа уште еднаш побара одговор каде, кога и од кого, е осигуран објектот на Универзална сала, на која вредност и за кои случаи на настанување на штета.






– Додека траше гасењето на пожар министерката лично во изјава за медиуми истакна дека осознала за пожарот нешто пред 9 часот. Првото јавување во Бригадата за противпожарна заштита јавено од случаен минувач е во 9.50 часот, по што Противпожарната бригата во тое време дојде на лице место и работеше на гаснење на пожарот. Таа самата побива своја изјава, дадена за сите медиуми во времето додека е опожарена салата – рече Арсовска.

Таа потенцираше дека како градоначалник и како Град Скопје нема да ѝ поминат заканите за тужба.

– И покрај тоа што се обиде денеска да ја навреди целата администрација на Градот Скопје, за жал тоа нема да помине, затоа што ние укажувавме две години дека по тој проект кој некој друг го примил во Градот Скопје во март 2021 година, по кој што распишал јавна набавка и отпочнал со реализација на набавката, е увидено уште во првиот месец на отпочнување со работа дека е невозможно да се работи – рече Арсовска.

Како што рече, по тој проект е увидено дека сеизмичката заштита и самиот документ за сеизмичка заштита не може да продолжи да се работи, затоа тоа позитивно мислење е укинато од страна на ИЗИС.

– Оној кој што ги прекршил законите не е Градот Скопје ниту кој било од Градот Скопје, туку оние кои во овој момент не одговараат на овие прашања – додаде Арсовска.

По пресконференцијата на Арсовска со соопштение се јавија од кабинетот на министерката Костадиновска-Стојчевска.

– На градоначалничката која имаше можност две години да започне со реконструкција на Универзална сала и порачувам да почека да заврши истрагата и да води кампања на друга тема, а во меѓувреме наводните упади во Системот на Бирото за јавни набавки да ги пријави пред надлежните органи. Нека ги заштити сопствените профили бидејќи Арсовска е првата која обвинува за упад од кога е воведен Системот за јавни набавки -вели Костадиновска-Стојчевска.

Според Костадиносвка-Стојчевска, процесот на преземањето надлежности за Универзална сала од Град Скопје, Министерството за култура го направило со потпис и од градоначалничката Арсовска и од самата министерка.

– Реконструкција се одвиваат според законска процедура и според проектот кој Арсовска ни го предаде во документацијата, цитиран во Договорот потпишан од неа – додава министерката.

Поврзани содржини