КОЈ ГО ПОГОДИ ТУРСКИОТ БРОД ВО МАРИУПОЛ? Пожарот беснее, а внатре има 12 украински државјани
Во овој момент знаеме дека има оган и чад на турскиот брод, дека бродот плови под доминиканско знаме и дека на него има 12 украински државјани, рече Басурин во итна изјава објавена на Телеграм каналот на милицијата во Доњецк.
Руските и украинските сили меѓусебно се обвинуваат за гранатирањето на турскиот брод „Азбург“ на пристаништето во Мариупол во Украина, која во моментов гори од пожар предизвикан во машинското одделение. МВР-то на Украина соопшти дека се работи за цивилен брод кој пловел под Доминиканско знаме и објави негова слика. Истовремено, Едуард Басурин, заменик-шеф на милицијата на Доњецката Народна Република како виновници ги посочи украинските националисти кои сѐ уште го држат пристаништето, пишува Нова.
Bericht des ukrainischen Innenministeriums: Russische Armee beschießt Schiff voller Zivilisten in Mariupol https://t.co/CMRNp1bBfw
— FOCUS Online (@focusonline) April 5, 2022
Според Басурин националистите „свесни за нивниот неизбежен пораз“ намерно ја уништиле инфраструктурата и странските бродови во пристаништето.
– Во овој момент знаеме дека има оган и чад на турскиот брод, дека бродот плови под доминиканско знаме и дека на него има 12 украински државјани – рече Басурин во итна изјава објавена на Телеграм каналот на милицијата во Доњецк.