КОЈ ГО ИЗБОДЕ АНГЛИСКИОТ ПРАТЕНИК ВО ЦРКВА? Млад 25-годишен Сомалиец со исламистички мотиви

Осомничениот е во притвор, а се верува дека дејствувал сам, но ќе бидат извршат претреси и на две адреси во Лондон, велат од полицијата. Со неколку убоди со нож тој го усмрти сер Дејвид, кој „едноставно ги обавувал своите должности кога неговиот живот бил ужасно прекинат“, вели шефот на полицијата. Имено, сер Дејвид бил на средба со граѓаните и влегол во методистичката црква Белфаерс.

709

Исламистички екстремизам е веројатно причината за крвавата смрт на англискиот десничарски пратеник сер Дејвид Емес(69) која се случи вчера на сред бел ден во црква во Леј-о-си во Англија, во екот на неговата изборна кампања. Млад Британец со сомалијско потекло е уапсен на самото место, а други осомничени нема да се бараат во истрагата, пишува Би-би-си.

Осомничениот е во притвор, а се верува дека дејствувал сам, но ќе бидат извршат претреси и на две адреси во Лондон, велат од полицијата. Со неколку убоди со нож тој го усмрти сер Дејвид, кој „едноставно ги обавувал своите должности кога неговиот живот бил ужасно прекинат“, вели шефот на полицијата. Имено, сер Дејвид бил на средба со граѓаните и влегол во методистичката црква Белфаерс.






Сер Дејвид беше пратеник од 1983 година и беше оженет со пет деца. Тој е вториот пратеник што беше убиен во изминатите пет години, по убиството на лабуристичкиот пратеник Соо Кокс во 2016 година. Премиерот Борис Џонсон го опиша како „еден од најљубезните, најубавите, најнежните луѓе во политиката“.

Конзервативниот пратеник Тобиас Елвуд – кој дојде на помош на избоден полицаец за време на терористичкиот напад во Вестминстер во 2017 година – за Би-Би-Си изјави дека ќе им препорача на пратениците привремено да престанат да имаат средби лице в лице со гласачите.

„Може да се преселите на Зум … всушност можете да постигнете неверојатно многу по телефон“, рече тој за „Светот вечерва на Радио 4“.

Поврзани содржини