КОЈ ГИ ШИША ВАШИТЕ САНКЦИИ Венецуела со најголема одлучност им се спротистави на САД
Венецуела со најголема одлучност го отфрла новото злосторство на агресија извршено од страна на американската Влада против Венецуела со наметнување еднострани, нелегитимни и незаконски присилни мерки врз група функционери, соопшти Министерството за надворешни работи на Венецуела.
Венецуела „со најголема одлучност“ ги отфрли денешните американски санкции против 16 блиски соработници на претседателот Николас Мадуро, обвинети за попречување на гласањето на претседателските избори на 28 јули и за кршење на човековите права.
„Венецуела со најголема одлучност го отфрла новото злосторство на агресија извршено од страна на американската Влада против Венецуела со наметнување еднострани, нелегитимни и незаконски присилни мерки врз група функционери“, соопшти Министерството за надворешни работи на Венецуела.
Помеѓу санкционираните има и судии, шефови на безбедносните сили и обвинители.
Американските санкции уследија неколку дена откако поранешниот дипломат и опозиционер Едмунд Гонзалес, кој тврдеше дела победил на претседателските избори, замина во егзил.
Изборната комисија на Венецуела го прогласи Мадуро за победник на изборите неколку часа по затворањето на гласачките места, но не ги објави конечните резултати.