Лисичани добиваат нова сигнализација врз раскопан асфалт (ФОТО)

Ова е бесмислена работа, бидејќи на улиците им е потребен нов асфалт. Досега само неколку улици беа целосно асфалтирани и наместо тротоарите беа ставени бекатон плочки. Но тоа беше пред 5-6 години, а требаше истото да се случи и на другите улици – велат жители на Лисиче.

757

Веќе неколку дена во скопската населба Лисиче може да се забележат работници кои вршат хоризонтална сигнализација на улиците, но ова предизвика незадоволство кај жителите, затоа што наместо бојадисување, реагираат тие, на улиците им е потребно ново асфалтирање.

– Ова е бесмислена работа, бидејќи на улиците им е потребен нов асфалт. Досега само неколку улици беа целосно асфалтирани и наместо тротоарите беа ставени бекатон плочки. Но тоа беше пред 5-6 години, а требаше истото да се случи и на другите улици – велат жители на Лисиче.






Тие додаваат дека залудно се фрлаат пари за оваа работа и велат дека подобро истите да биле пренаменети во нешто што навистина им е потребно на жителите на оваа населба, отколку вака да се „шминкаат“ улиците и на места каде што нема никаков ефект.

Според информациите до кои дојде Плусинфо, за оваа работа од страна на Општина Аеродром ќе бидат потрошен речиси 26.000 евра.

– Со компанијата „Виа Сигнал ДООЕЛ“ е склучен договор од една година откако на јавниот повик имаа најниска цена од другите понудувачи. Според договорот компанијата треба да изврши нова сообраќајна вертикална и хоризонтална сигнализација за улицата Бојмија кај Скопјанка и комплет населба Лисиче – велат за Плусинфо од Општината.

Оттаму додаваат дека во населба Лисиче ќе се реконструира улицата Мите Богоевски, тротоарите низ населбата каде што се уништени, кај трговскиот посебно, но и помали улички кои се оштетени. Сепак, овие интервенции се вклучени во буџетот за следната година.

Поврзани содржини