КОЈ ЌЕ ГИ КОПА МИНЕРАЛИТЕ ВО АВГАНИСТАН? Кобалтот, никелот и литиумот му се неопходни на цел свет
Моментално, само три земји, Кина, Конго и Австралија ги произведуваат овие ретки минерали. Тие сочинуваат скоро 75 отсто од целото производство. Но, нивните резерви не се доволни, ако го земеме фактот дека една електрична кола бара шест пати повеќе вакви минерали од обичната кола. Слично е и со електричните мрежи, но и со турбините кои работат на ветер.
Најсиромашната земја во светот лежи врз рудно богатство од трилион долари, а од неодамна беше освоена од талибанските бунтовници, пишува Си-Ен-Ен. Кој ќе ги копа никелот, кобалтот и литиумот во Авганистан сега кога земјата ги прекина односите со меѓународните финансиски институции? Ќе заработат ли талибанците од овие ретки метали без коишто не можат да се замислат модерните батерии, електрични мрежи и други технологии?
Според Светска Банка, Авганистан страда од „проклетство на ресурсите“ заедно со многу други земји во кои централната власт е нестабилна. Со други зборови, ако имате криза, пуч и хаотична власт тешко дека ќе можете да ги користите сопствените ресурси.
Но, има и други проблеми зошто Авганистан тешко ќе може да ги копа своите минерали. На пример, недостатокот на инфраструктура, големите суши во регионот, но и самиот воен конфликт ги плаши инвеститорите да дојдат во земјата. Ако се земе дека во 2020 година, 90 отсто од Авганистанците живееле со помалку од два долари дневно, економијата на земјата сè уште ќе зависи од странската помош.
За жал, странска помош во Авганистан може и да нема. Моментално, ММФ реши да го суспендира Авганистан од било какви програми за кредити.
Без литиум нема да се справиме со глобалното затоплување
И додека расте светската побарувачка за неодимиум и лититум, без кои не можат да постојат електрични коли и други чисти технологии, земји како Кина, Пакистан и Индија сепак би се вклучиле во копање на овие руди иако тоа е ризично.
– Ако Авганистан има мир неколку години, дозволувајќи развој на своите минерални суровини, би можел да стане една од најбогатите земји во областа во рок од десет години – рече Мирзад од Геолошкиот институт на САД за Science во 2010 година.
Тоа затишје не се случи, а поголемиот дел од минералното богатство на Авганистан остана неискористено, рече Мосин Кан, соработник во Атлантскиот совет и поранешен директор за Блискиот Исток и Централна Азија во Меѓународниот монетарен фонд(ММФ).
Ќе влезе ли сепак Кина во Авганистан, од геополитички причини? Пекинг, сепак, може да биде скептичен кон партнерството со талибанците со оглед на нивната постојана нестабилност и може да се фокусира на други региони. Кина веќе е изгорена, бидејќи претходно се обиде да инвестира во проект за ископување бакар, кој подоцна застана.
– Верувам дека Кина ќе им даде приоритет на другите географски области и погранични области многу пред Авганистан предводен од талибанците – вели Хауард Клајн од RK Equity, кој ги советува инвеститорите за литиум.
Кој го прави литиумот во моментот?
Моментално, само три земји, Кина, Конго и Австралија ги произведуваат овие ретки минерали. Тие сочинуваат скоро 75 отсто од целото производство. Но, нивните резерви не се доволни, ако го земеме фактот дека една електрична кола бара шест пати повеќе вакви минерали од обичната кола. Слично е и со електричните мрежи, но и со турбините кои работат на ветер.
Слично е со електрични мрежи, но и со турбините кои работат на ветер. Авганистан е единствената земја која, освен Боливија, има доволно големи резерви на литиум за да функционира економијата на 21 век.
За 16 години талибанците ќе го развијат рударството
За разлика од рударството со злато, бакар или железо, експлоатацијата на литиум и ретки минерали бара многу поголемо знаење и пари. Се смета дека се потребни барем 16 години да се почне со експлоатација откако изворот е пронајден. Ќе можат ли талибанците да одговорат на предизвикот?
– Талибанците ја презедоа власта, но трансформацијата од бунтовничка група во национална – лада нема да биде лесна. Функционално управување со новоформираниот минерален сектор најверојатно нема да се случи уште многу годиниизј-изјави Џозеф Паркс, азиски аналитичар за безбедност кај Verisk Maplecroft.
Во моментов Авганистан прави само 1 милијарда долари годишно од златото, бакарот и железото, но скоро 40 отсто од парите се губат во корупција, а уште 40 отсто земаат локалните команданти и рекетари.