КОЈ ДАВА ПОВЕЌЕ? Славјанка продава армиски кучиња на аукција
Најголемиот дел од кучињата се стари половина година, а само две имаат по 1,5 година. Сите се женски. 8 од нив се од расата германски овчар, а 3 се белгиски овчар.
Министерството за одбрана продава 11 обучени службени кучиња по пат на јавно наддавање. Почетната цена зависно од расата и староста на кучињата се движи од 3.690 денари до 12. 300 денари, а за најдобар понудувач ќе се смета секој кој ќе понуди највисока цена.
Според огласот, најголемиот дел од кучињата се стари половина година, а само 2 имаат по 1,5 година. Сите се женски. 8 од нив се од расата германски овчар, а 3 се белгиски овчар.
Кучињата се наоѓаат во Центарот за обука и дресирање на кучиња во касарната „Ѓорче Петров“ и можат да се видат на 2 февруари од 12 до 13 часот. Аукцијата ќе се одржи во петок ( 11 февруари) со почеток во 11 часот.
Право на учество на јавното електронско наддавање имаат сите домашни и странски физички и правни лица кои ќе уплатат 2 отсто од проценетата вредност на кучето за кое се заинтересирани.
Во армијата и полицијата ваквите кучиња имаат статус на вработени службеници подеднакво ист како армијците или полицајците.
Огласот предизвика реакции и коментари на социјалните мрежи. Дел од коментрите се однесуваат на тоа каде ќе завршат овие обучени млади кучиња, дали можеби во борба на кучиња.