КОЈ ЈА ПЛАЌАЛ СТРУЈАТА НА „КОПАЧИТЕ“ ВО ГТЦ? Сметките за потрошена електрична енергија се астрономски високи

Дали дневно само заради задоволување на потребите на струја за овие битмајнери е трошена струја во вредност од над 40.000 денари, односно 1.200.000 денари месечно?

1,496

Од ВМРО-ДПМНЕ ги прашуваат претставниците на власта од чии пари е плаќана струјата за битмајнерите во ГТЦ.

– Дали во ГТЦ имало околу 200 битмајнери и дали дневната потрошувачка на струја била и до 10 мегавати? Дали дневно само заради задоволување на потребите на струја за овие битмајнери е трошена струја во вредност од над 40.000 денари, односно 1.200.000 денари месечно? Дали последната година за струја за битмајнерите во ГТЦ е платено над 240.000 евра и кој ги платил тие пари? Дали овие пари ги платиле сите дуќанџии во ГТЦ, со поголеми сметки и кој ќе ги обештети – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ






Од најголемата опозициска партија во Македонија, испратија обвинување и до премиерот Зоран Заев.

– Ова е методот на Заев, троши струја, заработувај, а народот ќе плаќа, тоа го правел неговиот татко во Струмица, кој е правосилно осуден за кражба на струја, тоа го прави тој во Скопје – додаваат од партијата.

Поврзани содржини