Кој ја мати водата на стружани?
Првично е констатирано дека матноста на водата е зголемена вон границите на дозволеното на мерните места СОУ „Нико Нестор“ и детска градинка „Сонце“. Известена е инспекцијата и водата не се препорачува за пиење - изјави Точков за МИА.
Водата за пиење на две мерни места во Струга е заматена поради врнежите од дожд и не се препорачува за пиење.
Центарот за јавно здравје од Охрид извршил контрола на терен, и, како што информира директорот Сашо Точков, констатирано било дека матноста на водата е над границите на дозволеното.
– Првично е констатирано дека матноста на водата е зголемена вон границите на дозволеното на мерните места СОУ „Нико Нестор“ и детска градинка „Сонце“. Известена е инспекцијата и водата не се препорачува за пиење – изјави Точков за МИА.
Центарот за јавно здравје работи на анализи за бактериолошката исправност на водата во Струга.
Заматена вода за пиење, според соопштението на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ имаат и жителите на селото Мороишта. Оттаму најавуваат дека ќе прават рестрикции од 22 часот до 5 наутро поради немање доволно вода во изворите, до подобрување на состојбата.
Стружани пак, револтирани поради честите рестрикции за вода или слабиот притисок најавуваат протест за в сабота пред просториите на „Проаква“.