📽️ КОЈ ЈА ГАЃАШЕ ФЛОТАТА ВО КОЈА ПАТУВА ГРЕТА ТУНБЕРГ? Запален е брод, Тунис негира дека имало напад
Спротивно на снимките кои се појавија на социјалните мрежи, портпаролот на Националната гарда на Тунис за агенцијата Франс-Прес изјави дека не е откриен никаков дрон и дека првичната истрага укажува на внатрешна експлозија.
Брод од флотата во која патува познатата активистка Грета Тунберг се запали во Тунис на пат да однесе хуманитарна помош за Газа, пишува Ројтерс. Додека властите во Тунис негираат дека се работи за напад и дека пожарот избил одвнатре, флотата Глобал Сумуд (ГСФ) вели дека се работи за удар од дрон.
На социјалните мрежи се појави снимка од сјаен објект кој удира во пловило.
„Бродот е сериозно оштетен, но хуманитарната мисија продолжува“, соопштија од флотата ГСФ, познатата по своите активистички дејности.
Сите 6 патници и членови на екипажот се безбедни.
BREAKING:
🇮🇱🇸🇪 Israel has struck the boat carrying Greta Thunberg with a drone pic.twitter.com/2vEFaWtGLa
— Megatron (@Megatron_ron) September 9, 2025
Од друга страна, портпаролот на Националната гарда на Тунис за агенцијата Франс-Прес изјави дека не е откриен никаков дрон и дека првичната истрага укажува на внатрешна експлозија, можеби во складишниот дел на бродот.
– Не постојат докази дека било употребено беспилотно летало – истакна портпаролот за радиото Мозаик ФМ.
Во пристаништето пристигнала и Франческа Албанезе, специјален известувач на Обединетите нации. Таа повика на итно расветлување на случајот велејќи:
– Ако се потврди дека станува збор за напад, тоа ќе биде повреда на тунискиот суверенитет.
Флотата ГСФ порача дека нивната цел е да ја пробијат опсадата на Газа, која Израел ја одржува од 2007 година. Минатиот месец, друга флота предводена од ГСФ беше сопрена од израелската морнарица, а активистите биле депортирани од Ашдод.
И тогаш во еден од бродовите беше присутна активистката Грета Тунберг давајќи поддршка за Газа.
Израелските власти се огласија за случајот. Според нив ваквиот активизам е „рекламен трик“, без вистински хуманитарен ефект.