Која е уапсената тенисерка на Ролан Гарос: Русинката изгледа како божица ФОТО

1,434

По повлекувањето на Наоми Осака од Ролан Гарос, грен слемот во Париз го потресе нов скандал, бидејќи тенисерката Јана Сизикова беше изнесена со лисици на рацете поради сомнеж дека местела натпревари.

Голем удар за „белиот спорт“ кој е мошне извалкан со последното случување.






Во текот на 2019 година, повеќе од 20 тенисери биле казнети поради сомнеж дека учествувале во местење на натпревари, а од есента 2020 година пристигнува еден од најголемите скандали.

Како што наведува „Ла Паризијен“, Јана Сизикова е уапсена поради сомнеж дека наместила натпревар од првото коло на Ролан Гарос во 2020 година, кога таа и Медисон Бренгли загубиле 7:6, 6:4 од романскиот пар Андреа Миту и Патриција Марија Тиг.

Имено, обезбедувањето се обидело да го спречи апсењето на 26-годишната Русинка, кое се случило додека излегувала од масажа по натпреварот и била приведена во Централната служба за трки и игри на истражната полиција.

Истрагата против неа е покрената во октомври 2020 година по серија необични обложувања во вториот сет од спорната средба, а особено во петтиот гем кој го изгубила на свој сервис правејќи две последователни грешки.


Јана Сизикова не е големо име во тенисот, но се потрудила да дојде во центарот на вниманието на јавноста на друг начин.

Родена е во Москва на 12 ноември 1994 година и покрај една WTA титула во дабл има и три ITF трофеи во сингл натпреварувања, како и дури 43 во конкуренцијата на двојки.

Во моментот е 765-та на листата на тенисерки во сингл натпреварувања, а најдобриот пласман на светската ранг листа го имала во јуни 2016 година кога ја заземала 336. позиција.

Повеќе успех, каков-таков, таа имала во натпреварите во двојки, каде освоила дури и една титула. Тоа се случило во Лозана 2019 година во пар со Анастасија Потапова, после што се нашла на 101. место на листата во натпреварувањата во двојки.

На грен слемовите натпреварувањата најчесто ги завршувала уште во првото коло или во квалификациите.

Сизикова од турнирите, според податоците на WTA, заработила околу 170.000 евра.

Сизикова важи за една од попровокативните тенисерки…

 

 

FOTO: Instagram

Поврзани содржини