КЛУБОТ ЗА КОЈ НАВИВА ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ИМЕНУВА СТАДИОНОТ ПАПА ФРАНЦИСК Сан Лоренцо беше првата љубов на папата
Неговата членска книшка беше со број 88235 и нема сомнеж дека ќе замине во историјата.
Сан Лоренцо, еден од најголемите клубови во Буенос Аирес одлучи да го именува новиот стадион Папа Франциск, по денешната информација за смртта на римокатоличкиот поглавар со потекло од Аргентина.
Папата Франциско е роден на 17 декември во Буенос Аирес како Хорхе Марио Бергољо, а клубот Сан Лоренцо го сакаше уште од мали нозе, што беше семејна традиција и љубовта кон овој тим ја наследи од своите родители.
Неговата членска книшка беше со број 88235 и нема сомнеж дека ќе замине во историјата.
Клубот со големо жалење се прости од својот свет отец, а во емотивен текст беше истакнато дека тој никогаш нема да ги напушти срцата на навивачите на Сан Лоренцо и дека неговиот белег е неизбришлив.
Сан Лоренцо на својата веб-страница потврди дека новиот стадион на клубот, кој се планира да се изгради на местото на стариот стадион во Боедо, каде што првично беше основан Сан Лоренцо, и од кој беше „протеран“ во 1979 година ќе го носи името Папа Франциск.
Член на клубот е и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Тој официјално стана член на клубот во 2013 година, а неколку пати има кажано колку го сака овој клуб од Буенос Аирес, во кој се приклучи кога истата година беше на одмор во Аргентина.