КЛИНИКАТА „ЖАН МИТРЕВ“ ПОТВРДИ ДЕКА СЕ ПРОДАВА Д-р Жан Митрев останува на раководна позиција

Балкан алајенс хелкеар е формирана во 2006 година од страна на повеќе европски и американски инвестициски фондови. Во здравствениот сектор има свои инвестиции во Албанија и Косово, каде поседува 6 медицински центри.

1,682

Клиниката „Жан Митрев“ е во финални преговори за стратешко партнерство со холандскиот фонд Балкан алајенс хелкеар (Balkan Alliance Healthcare). Преговорите се однесуваат за влез на Фондот како партнер во Клиниката што ќе овозможи оваа врвна здравствена установа да ги проширува своите дејности и да ги подигне уште на повисоко ниво стандардите во медицината во Македонија – соопшти Клиниката „Жан Митрев“.

Ова стратешко партнерство е поддршка на веќе започнатиот проект за прераснување на Клиниката „Жан Митрев“ во регионален медицински центар. На овој начин стануваме финансиски помоќни за да растеме побрзо и да се развиеме во вистински регионален центар за здравствени услуги со највисоки стандарди. Според договореното, доктор Жан Митрев како и досега така и понатаму ќе ја предводи целата операција на трансформација на Клиниката во регионален центар каде учат и се развиваат и нови кадри на лекари во делот на кардиохирургијата и останатите дејности. Ќе се овозможи и поголема соработка со експерти од странство, а нашето знаење и искуство (know how) ќе бидат искористени за медицинските центри во сопственост на холандскиот фонд, што значи проширување на дејноста на Клиниката „Жан Митрев“ на регионално ниво – изјавија од Клиниката.






Балкан алајенс хелкеар е формирана во 2006 година од страна на повеќе европски и американски инвестициски фондови како Southeast Europe Equity Fund II (SEEF II) менаџиран од SEAF – (Small Enterprise Assistance Funds). Предводен е од Дејвид Лил Метјусон (David Lyle Mathewson) и Андреј Кристијан Крикливи (Andrei Christian Krikliwy) кои се истакнати бизнисмени во делот на инвестициите во здравствениот сектор, телекомуникации, медиуми и финансии услуги. Во делот на здравствениот сектор имаат свои инвестиции во Албанија, Косово, каде поседуваат 6 медицински центри. Во планот за реионално проширување се: Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Турција и Романија. Вредноста на Фондот во моментов изнесува 320 милиони американски долари, информира Клиниката во своето соопштение.

КЛИНИКАТА „ЖАН МИТРЕВ“ НА ПРОДАЖБА Холандска компанија купува мнозински удел

 

Поврзани содржини