КОЈ ИМА КАДЕ ДА ОДИ, НЕКА ГО НАПУШТИ КИЕВ Градоначалникот Кличко повика на евакуација откако градот остана без струја

Апелирам до жителите на главниот град кои имаат можност привремено да го напуштат Киев и да одат некаде каде што има алтернативни извори на електрична енергија и топлина, повика градоначалникот Виталиј Кличко.

926

Половина од станбените згради во Киев, речиси 6.000, моментно се без греење, откако клучната енергетска инфраструктура во главниот град беше сериозно оштетена во големиот руски напад извршен синоќа. Градот се соочува и со прекини во водоснабдувањето.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека синоќешниот комбиниран напад бил најтежок за клучните инфраструктурни објекти во главниот град.






– Комуналните работници ги поврзаа јавните објекти, особено болниците и породилиштата, со мобилни котларници. Заедно со енергетските работници, тие работат на враќање на електричната енергија и на греењето во домовите на жителите на Киев – рече Кличко.

Градските служби работат во вонредни услови, додаде тој, а се предвидуваат тешки временски услови за наредните денови.

– Исто така, апелирам до жителите на главниот град кои имаат можност привремено да го напуштат Киев и да одат некаде каде што има алтернативни извори на електрична енергија и топлина – рече градоначалникот Кличко.

Нападот врз Киев почна во вечерните часови, а до утрото повеќе од 500.000 потрошувачи во градот и околината останаа без електрична енергија.

Поврзани содржини