КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ СТАНУВА СВЕТИТЕЛ Започнаа подготовките во Лешочкиот Манастир (ФОТО)

Канонизацијата ќе се изврши утре во Лешочкиот манастир и во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“.

457

Раздвижено саботно претпладне во Лешочкиот Манастир кај Тетово.

Растрчани домари, ѓакони, клисари, свештеници во кругот на манастирот – и секој си ја знае својата работа во пресрет на утрешниот голем ден: канонизација за светител на Македонската народниот пеосветител Кирил Пејчиновиќ.






Едни ја косат тревата, други го уредуваат дворот на црквата, трети изнесуваат маси и столици…

Канонизацијата ќе се изврши утре во Лешочкиот манастир и во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“.

За црковното и просветителско дело на Пејчиновиќ се учи уште во основното образование, а за неговиот живот, покрај бројните написи, дознаваме и од камената плоча на неговиот гроб, која самиот ја изделкал и го напишал познатиот епитаф, на кој преку стихови го опишува својот животен пат.

Поврзани содржини