КИНОА НАМЕСТО МЕСО Има голема содржина аминокиселини и протеини, го подобрува метаболизмот, го чисти организмот

Киноата се нарекува „Злато на Инките” и „кралица на семките”. Oваа псевдо житарка може да донесе многу придобивки за организмот, а ако си сварите поголема количина, можете со неа да подготвувате брзи и здрави солени и слатки оброци

232

Златото на инките – киноата, содржи големи количини на протеини, поради што може да се натпреварува со производите од животинско потекло. Токму затоа е и одличен избор за луѓето кои избегнуваат месо.

Хемиските анализи на киноа семето покажуваат дека тоа е можеби единствен растителен, протеински извор кој ги содржи сите 9 есенцијални аминокиселини (кога зборуваме за есенцијални аминокиселини, тогаш подразбираме аминокиселини кои телото самостојно не може да ги произведе).






Киноата се вбројува и помеѓу најдобрите протеински, растителни извори и во однос на количината на достапните протеини, па одредени видови содржат и над 20% протеини. Затоа, ако постите или сте вегетаријанец, не заборавајте да ја вклучите во вашата исхрана. Покрај ова, киноа семето содржи и сложени јаглехидрати, солидни количества на растителни влакна, малку маснотии и низа витамини.

Традиционалната медицина ја користи за лекување на гихт, тумори, хемороиди и ишијас. Полна е со витамини и аминокиселини кои го подобруваат метаболизмот, го чистат организмот и ја нормализираат неговата функција.

Повеќе за придобивките од киноата, како и идеи за една солена и една слатка варијанта на оброк со киноа, прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини