Кинезите за само 28 часа изградиле десеткатница ВИДЕО

Новата зграда е 10 пари полесна и 100 пати поотпорна на земјотреси и на тајфуни од тие коишто се направени на конвенционален начин, тврдат од кинеската компанија.

467

Деловите од секој кат биле подготвени во фабрика, и префрлени со камион до крајната дестинација, каде што истите беа монтирани. Кинеската компанија „Broad Group“ е позната по своите рекордни градби и од минатото, односно по изградбата на болници, хотели и канцелариски објекти.

– Сите составени делови беа префрлени со камион и беа монтирани на самото место со кранови, во период од само 28 часа и 45 минути. Апартманите веднаш биле снабдени со електрична енергија и вода за пиење – изјавиле од компанијата.






Компанијата наведува дека станува збор за најбрзо градење на слична зграда до сега во светот и додаваат дека е отпорна на земјотреси и на тајфуни.

Новата зграда е 10 пари полесна и 100 пати поотпорна на земјотреси и на тајфуни од тие коишто се направени на конвенционален начин, тврдат од кинеската компанија.

Во екот на пандемијата, Кинезите експресно градеа болници.

Поврзани содржини