Кинески производители подготвуваат вакцини против делта сојот
Компанијата Шенжен Кангтаи Биолошки Производи, со седиште во провинцијата Гуангдонг, изјавија дека изолирале неколку соеви на делта.
Неколку кинески производители на вакцини против коронавирус рекоа дека ја изолирале многу заразната делата варијанта и се подготвени да развијат вакцини за новиот вид, кој се прошири во повеќе од 130 земји и региони, објави денеска кинеската медиумска група (ЦМГ).
Компанијата Шенжен Кангтаи Биолошки Производи, со седиште во провинцијата Гуангдонг, изјавија дека изолирале неколку соеви на делта, како дел од својата програма за истражување, чија цел е да создаде нова верзија на инактивираната вакцина, која посебно ќе ја таргетира таа варијанта.
Првата генерација инактивирана вакцина на компанијата беше одобрена за итна употреба во Кина во мај.
Лабораториските тестови покажуваат дека може да создаде добри неутрализирачки ефекти и да обезбеди заштита од нови варијанти, додава „ЦМГ“.