Кинески облакодер започна да се ниша, а никој не знае зошто (ВИДЕО)

Уривањето на згради не е невообичаено во Кина каде градежните стандарди се слаби, а поради зачудувачката урбанизација, изградбата се одвива набрзина.

2,133

Еден од највисоките кинески облакодери беше евакуиран во денес откако почна да се ниша, а луѓето во паника избегаа на сигурно во јужниот град Шенжен.

Високиот облакодер „СЕГ Плаза“ кој е висок скоро триста метри необјасниво започна да се ниша околу 13 часот по локално време, а евакуацијата на луѓето внатре веднаш беше извршена, додека минувачите на околните улици беа зачудени.






Зградата е затворена во 14 часот и 40 минути, објавија локалните медиуми.

Завршена во 2000 година, во срцето на еден од најбрзо растечките градови во Кина, кулата е дом на еден од најголемите пазари на електроника и има различни канцеларии.

Причината за нишањето сè уште не е позната

Агенцијата за управување со вонредни состојби истражува што предизвикало нишање на облакодерот во округот Футиана во Шенжен, според објавата на платформата „Веибо“, што е нешто како „Твитер“.

– По проверка и анализа на податоците на различните станици за набљудување на земјотреси низ градот, беше заклучено дека денес немало земјотреси во Шенжен. Причината за нишањето се проверува од различни причини – се вели во соопштението.

Засега е непознато што ќе стори владата во случајот со опасната зграда од оваа големина, лоцирана во центарот на градот со 12 милиони жители.

Луѓето побегнаа, облакодерот целосно евакуиран

Видеа од минувачи објавени од локалните медиуми го прикажуваат облакодерот како се ниша на своите темели додека бегаат стотици преплашени минувачи.

– „СЕГ“ е целосно евакуиран – напиша еден корисник на „Веибо‘ во описот на видеото.

Кулата е именувана според производителот на полупроводници и електроника „Shenzhen Electronics Group“, чии канцеларии се наоѓаат во таа зграда.

Според Советот за високи згради, таа е 18-та највисока кула во Шенжен.

Кинеските власти минатата година забранија изградба на облакодери повисоки од 500 метри.

Уривањето на згради не е невообичаено во Кина каде градежните стандарди се слаби, а поради зачудувачката урбанизација, изградбата се одвива набрзина.

Поврзани содржини