📽 КИНА СО ВИДЕО ОД МАО ЦЕ ТУНГ МУ ОДГОВОРИ НА ТРАМП Шефот на САД вели дека го поседува најмоќното оружје

Додека се разгорува трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг, се чини дека се разгорува и воената реторика. Претходничката на Ли Џијан, екс-портпаролката Мао Нинг на социјалните мрежи објави видео од Мао Це Тунг, поранешниот лидер на Комунистичката партија, од времето на Корејската војна.

864

Додека се разгорува трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг, се чини дека се разгорува и воената реторика. Поранешната портпаролка на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на социјалните мрежи објави видео од Мао Це Тунг, поранешниот лидер на Комунистичката партија, од времето на Корејската војна.

Во видеото Мао вели: „Колку и да трае оваа војна, ние никогаш нема да се откажеме“.

Мао Нинг на видеото напиша: „Ние сме Кинези. Нема да се повлечеме“.

 

Кина ги обвини САД дека ја користат економијата како оружје. Трамп, не долго по потпишувањето на извршните наредби на 9 април изјави дека САД го имаат најмоќното оружје за кое никој не знае. Тој вели дека е загрижен дека трговската војна може да премин во поинаков вид на конфликт.

– Ние сме многу моќни. Оваа земја е многу моќна. Ќе ви кажам… многу сме помоќни отколку што луѓето сфаќаат. Имаме оружје за кое никој не знае. И тоа е најмоќното оружје на светот. Многу помоќно… никој нема ниту блиску. Никој нема да го направи тоа. Кога станува збор за ескалација, мислам дека претседателот Си знае точно што треба да се направи. Тој е многу паметен човек, го познавам добро…Мислам дека ќе дојде телефонски повик во еден момент. Тоа ќе биде голема работа за нив, ќе биде голема работа за нас, ќе биде голема работа за светот и за човештвото – изјави американскиот претседател.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги суспендираше мерките за остатокот од светот, додека ги зголеми царините за кинески производи кои претходно ги покачи на 104%. Кина на 9 април возврати со реципрочни царини од 84% за увезени американски производи.

Ли Џијан, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека „трговските војни немаат победници. Кина не ги сака, но не се плаши од нив. Ако САД решат да се борат, Кина ќе оди до крај“.

Ли Џијан најави контрамерка против, како што вели, злоупотребата на САД.

Новите царини за увоз на кинески производи во САД изнесуваат 125%.

Поврзани содржини