КИНА СЕРИОЗНА ВО БИТКАТА СО КОВИД Вакцинирани речиси сите ученици од 12 до 17 години

Двете главни кинески вакцини се одобрени за употреба кај деца на возраст од три години, но властите задолжени за кампањата за вакцинација допрва треба да дозволат вакцинирање на деца под 12 години.

1,125

Кина целосно вакцинираше 91 отсто од своите ученици на возраст од 12 до 17 години против коронавирусот, објави државната телевизија, иако властите велат дека училиштата сѐ уште треба да бидат внимателни.

Појавата на нови случаи со ковид-19 во југоистокот од провинцијата Фуџијан, со 152 заразени случаи, се случи меѓу невакцинирани ученици во најмалку четири основни училишта и две градинки, покажуваат податоците на локалната самоуправа.






Двете главни кинески вакцини се одобрени за употреба кај деца на возраст од три години, но властите задолжени за кампањата за вакцинација допрва треба да дозволат вакцинирање на деца под 12 години.

Детските градинки се затворени во некои градови

Министерството за образование во соопштението рече дека училиштата не треба да бидат безгрижни и треба да спроведат мерки на поефективен и насочен начин. Градовите Путијан и Ксиамен, каде што беа регистрирани најмногу случаи во последната појава, прекинаа настава во живо во основните училишта и претежно во средните училишта, и затворија градинки.

Заразата ги натера другите делови на Кина да издадат предупредувања за патување пред есенските празници следната недела и пред еднонеделниот одмор што започнува на 1 октомври, иако државните медиуми предупредија да не се воведат ограничувања за патување.

Ванг Денгфенг, претставник на министерството за образование, изјави на државната телевизија дека учениците и наставниците се охрабруваат да останат дома за време на претстојните празници. Кина во јули започна да вакцинира ученици на возраст од 12 до 17 години. Стапката на вакцинација од 91 процент е многу повисока од националната стапка, која беше нешто под 70 проценти на 6 септември.

Поврзани содржини