КИНА СЕЛИ ДЕЛ ОД ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЛИТИУМСКИ БАТЕРИИ ВО ТУРЦИЈА Инвестицијата е вредна 500 милиони долари
Производна линија ќе има годишен капацитет еквивалентен на околу 5 гигават-часови енергија, а ќе произведува батерии за електрични возила со цврст (ASSB), наместо течен електролит, батерии со голема моќност за тешки возила и батерии за поморски транспорт и аеронаутика.
Кинеската компанија „Ганфенг Литиум“ (Jiangxi Ganfeng Battery Technology) објави дека потпишала договор со водечкиот турски производител на класични батерии „ Јигит Аку“ (Yigit Aku) за инвестирање 500 милиони долари во заеднички објект за производство на литиумски батерии за електрични автомобили.
Производна линија ќе има годишен капацитет еквивалентен на околу 5 гигават-часови енергија, а ќе произведува батерии за електрични возила со цврст (ASSB), наместо течен електролит, батерии со голема моќност за тешки возила и батерии за поморски транспорт и аеронаутика.
„Јигит Аку“ има 4 производствени погони и 2 центра за истражување и развој. Таа е најголемиот производител, извозник и рециклатор на батерии во Турција и соработува со повеќе од 500 партнери во повеќе од 100 земји.
„Ганфенг“, пишува порталот, е еден од најголемите кинески производители на различни производи од литиум, кои се користат за електрични автомобили, во фармацевтската индустрија и аеронаутиката.
Турција, според досегашните истражувања, нема големи резерви на литиум, но Кина има домашни резерви, од кои огромен дел се наоѓаат на Тибетската висорамнина. Кина е и главен увозник на литиум, главно од Австралија, Чиле и Аргентина, и е најголемиот преработувач на метал во светот и најголем производител на литиумски батерии.