КИНА СЕ ОСЛОБОДУВА ОД ДОЛАРОТ И КУПУВА ЗЛАТО Продаде државни обврзници на САД вредни 53,3 милијарди долари

Во меѓувреме растат и резервите на злато на Кина. тие во април пораснаа за 4,9%.

528

Кина продаде рекордни 53,3 милијарди американски државни обврзници и други хартии од вредност во првиот квартал во обид да се диверзифицира од американските средства, покажуваат најновите податоци на американското Министерство за финансии.

Кинеските инвестиции во САД повторно го привлекуваат вниманието на инвеститорите поради знаците дека тензиите меѓу најголемите светски економии може да се влошат.






– Со оглед на тоа што Кина ги продава и двете и покрај фактот дека сме поблиску до циклусот на намалување на каматните стапки на ФЕД, треба да има јасна намера да се диверзифицира од американскиот долар – изајви Стивен Чиу, главен Азија ФХ и стратег за каматни стапки за Блумберг.

Според него, кинеската продажба на американски хартии од вредност може да се забрза бидејќи трговската војна меѓу САД и Кина продолжува, особено ако Трамп повторно биде избран за претседател.

Американскиот претседател Џозеф Бајден воведе големи зголемувања на царините за низа кинески увозни производи, додека неговиот претходник Доналд Трамп рече дека би можел да воведе царини од повеќе од 60% за кинески стоки доколку биде избран.

Кина ги зголеми државните резерви  во злата. Учеството златото во резервите во април порасна на 4,9%, што е највисоко според податоците на централната банка од 2015 година.

 

Поврзани содржини