КИНА СЕ ДВИЖИ КОН НУЛА РАСТ НА НАСЕЛЕНИЕТО Наталитетот е на најниско ниво во последните 40 години

За првпат по 1978 година стапката на наталитет во најнаселената земја во светот е едноцифрена, со 8,52 новороденчиња на 1.000 лица.

283

Стапката на наталитет во Кина опадна на најниското ниво во повеќе од четири децении, јави ДПА.

Кинескиот Завод за статистика соопшти дека падот од 18 отсто на раѓањата во 2020 година, на 12 милиони, делумно се должи и на пандемијата на коронавирусот. Но, експертите долго време потенцираат дека високите трошоци за домување, образование и здравство во земјата, како и намалената подготвеност за брак, се главните причини за намалениот наталитет.






ДПА пренесува дека за првпат по 1978 година, стапката на наталитет во најнаселената земја во светот е едноцифрена, со 8,52 новороденчиња на 1.000 лица.

Поради намалувањето на бројот на раѓања и стабилниот број на смртни случаи, експертите сметаат дека најмногубројната нација во светот се движи кон нула раст на населението, а тие очекуваат оваа тенденција уште повеќе да се забележи во наредните години.

Поврзани содржини