Кина сака истрага за потеклото на ковид-19 во САД

Сè што е поврзано со биолошко оружје што го имаат Соединетите држави, треба да биде подложено на контрола - рече Зенг пренесува „Ројтерс“.

328

Кинеските власти сметаат дека СAД треба да бидат приоритет во следната фаза на истрагата за потеклото на ковид-19, откако студијата покажа дека болеста веројатно циркулирала таму во декември 2019-та година.

Студија објавена оваа недела од Националниот институт за здравство на САД (NIH) покажа дека најмалку седум лица во пет различни држави во САД биле заразени со вирусот ковид-19, неколку недели пред да бидат пријавени првите официјални случаи.






Главниот епидемиолог на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести, Зенг Гуанг, рече дека сега треба да се насочи вниманието кон Соединетите држави, кои полека тестираа луѓе во раните фази на пандемијата, а исто така е и седиште на многу биолошки лаборатории.

– Сè што е поврзано со биолошко оружје што го имаат Соединетите држави, треба да биде подложено на контрола – рече Зенг пренесува „Ројтерс“.

Коментирајќи ја студијата во средата, портпаролот на Министерството за надворешни работи Жао Лиџијан рече дека сега е очигледно дека епидемијата со ковид-19 има „повеќе потекла“ и дека другите земји треба да соработуваат во истрагата со Светската здравствена организација (СЗО).

Потеклото на пандемијата стана извор на политичка напнатост меѓу Кина и Соединетите држави, а фокусот беше ставен на Институтот за вирусологија во Вухан, Кина, каде за прв пат беше идентификувана епидемијата на крајот на 2019-та година.

Според неодамнешното пишување во „Волстрит журнал“, извештајот на националната лабораторија на американската влада заклучува дека е веројатно дека вирусот протекол од оваа кинеска лабораторија.

Поврзани содржини