КИНА САКА ДА СОРАБОТУВА СО ТРАМП Пекинг е загрижен бидејќи САД се повлече од Парискиот климатски договор

Климатските промени се заеднички предизвик, со кој се соочува целото човештво, и ниту една земја не може да остане незасегната или сама да го реши проблемот, изјави портпаролот на кинеското Министерството за надворешни работи, Гуо Џиакун.

109

Кина денеска изрази „загриженост“ поради повлекувањето на САД од Парискиот климатски договор по вторпат.

– Климатските промени се заеднички предизвик, со кој се соочува целото човештво, и ниту една земја не може да остане незасегната или сама да го реши проблемот – изјави портпаролот на кинеското Министерството за надворешни работи, Гуо Џиакун.






Пекинг денеска соопшти дека се надева на соработка со Вашингтон за решавање на трговските прашања откако американскиот претседател, Доналд Трамп, го почна вториот мандат и се закани дека ќе воведе високи царини.

– Кина е подготвена да го зајакне дијалогот и комуникацијата со САД. Се надеваме дека САД ќе соработуваат со Кина за заеднички да промовираат стабилност… развој на кинеско-американските економски и трговски односи – наведе Гуо.

Поврзани содржини