КИНА ПРОИЗВЕДЕ ВАКЦИНА ПРОТИВ ХПВ Новата кинеска вакцина обезбедува имунитет од најмалку 30 месеци

Кина ја одобри својата прва домашно произведена деветвалентна вакцина против хуман папилома вирус (ХПВ). Со тоа Кина е втора држава, по САД, која самостојно произведува поливалентни ХПВ вакцини

124

Кина ја одобри својата прва домашно произведена деветовалентна вакцина против хуман папилома вирус (ХПВ). Со тоа Кина е втора држава, по САД, која самостојно произведува поливалентни ХПВ вакцини.

Вакцината „Цеколин 9“, е заеднички проект на биоомедицинската лабораторија Ксијанг Ан, Универзитетот Ксиамен и компанијата Вантаи БиоФарм.






„Цеколин 9“ од 2019 година помина пет клинички тестирања спроведени ширум Кина, при што учествуваа над 11.000 девојки и жени на возраст од девет до 45 години.

Тестирањето покажа и дека „Цеколин 9“ обезбедува силна заштита од ХПВ типови 16 и 18, истите соеви за кои се дава бивалентната вакцина. Деветвалентната вакцина во исто време штити и од уште пет видови на ХПВ вирусот – 31, 33, 45, 52 и 58, а стапката на заштита е над 98 проценти во период подолг од 12 месеци, обезбедувајќи истовремено 100 проценти заштита од рак на грлото на матката.

За девојчиња на возраст од девет до 17 години доволни се само две дози за да се создаде имунитет, додека за девојки на возраст од 18 до 26 години потребни се три дози.

Како што објави кинеската новинска агенција Синхуа, компаративна студија покажала дека новата кинеска вакцина обезбедува имунитет од најмалку 30 месеци во споредба со слични меѓународни производи.

Кина минатата година понуди бесплатна ХПВ вакцинација на околу 40 проценти од девојчињата на возраст од 13 и 14 години како дел од напорите за спречување на рак на грлото на матката.

Поврзани содржини