КИНА ПОГУБИ 11 ЧЛЕНОВИ НА КРИМИНАЛНА БАНДА Сите биле роднини

Измамите и коцкарниците на семејството Минг им донеле повеќе од 10 милијарди јуани (1,4 милијарди долари) во периодот од 2015 до 2023 година.

148

Кина изврши смртни казни врз 11 членови на семејна криминална банда, која раководела со центри за интернет измами во Мјанмар. Судот во градот Венџу соопшти дека утрово се погубени 11 лица, кои во септември лани беа осудени на смрт за тешки кривични дела, вклучително убиство на 14 кинески државјани, раководење со коцкарници и интернет измами.

Измамите и коцкарниците на семејството Минг им донеле повеќе од 10 милијарди јуани (1,4 милијарди долари) во периодот од 2015 до 2023 година. Тие беа приведени во ноември 2023 година кога кинеските власти извршија притисок врз властите на граничните области во Мјанмар да се справат со измамите.






Центрите за измами се голем бизнис во Југоисточна Азија, особено во Мјанмар, Камбоџа и Лаос, од каде се вршат дигитални измами на луѓе ширум светот. Властите во регионот се под меѓународен притисок од Кина, САД и други земји да работат на сузбивање на криминалните активности.

Поврзани содржини