Кина одобри тестирање на уште 16 вакцини против ковид-19

Светска здравствена организација (СЗО) најрано во март би можела да донесе одлука за одобрување на вакцините на „Синофарм„ и на „Синовак“.

246

Кинеската Влада одобри клинички да се тестираат уште 16 вакцини против ковид-19, а шест од нив веќе ја поминале третата фаза, објави „Чајна дејли“.

Кина веќе има две вакцини кои ги продава ширум светот, а околу 40 милиони граѓани веќе примиле вакцина.






Кина веќе продаде 440 милиони дози во најмалку 27 држави, а најави дека ќе обезбеди 10 милиони вакцини против ковид-19 за глобалната инцијатива за дистрибуција на вакцините Ковакс.

Светска здравствена организација (СЗО) најрано во март би можела да донесе одлука за одобрување на вакцините на „Синофарм„ и на „Синовак“.

Бразил, Индонезија, Турција и Обединети Арапски Емирати веќе ги одобрија вакцините на „Синофарм“ и на „Синовак“.

Додека вакцината на „КанСино Биолоџиг“ веќе е одобрена за употреба во кинеската армија.

Ниту една од трите компании не објави податоци за ефикасноста на своите вакцини.

Поврзани содржини