КИНА НЕ ОСТАНА ДОЛЖНА, ВОВЕДЕ 84% ЦАРИНИ ЗА САД Контраудар за давачките од 104% на Трамп
Пекинг сега ќе го оданочува американскиот увоз со стапка од 84%, што е зголемување од 50 отсто во однос на претходните кинески царини. Одлуката доаѓа по потегот на САД да го оданочат увозот од Кина со 104%.
Кина најави дека од утре ќе воведе дополнителни царини за стоки од САД.
Пекинг сега ќе го оданочува американскиот увоз со стапка од 84 отсто, што е зголемување од 50 отсто во однос на претходните кинески царини.
Одлуката доаѓа откако Америка претходно оваа недела воведе дополнителни 50 отсто царини за кинеска стока. Ова следи по двете претходни мерки, од 34 проценти и 20 проценти, така што вкупната американска царина за кинескиот извоз од утрината изнесува 104 проценти.
Кина претходно ја информираше Светската трговска организација (СТО) дека одлуката на САД се заканува дополнително да ја дестабилизира глобалната трговија.
„Ситуацијата опасно ескалира. Како една од погодените земји-членки, Кина изразува длабока загриженост и одлучно противење на овој неодговорен потег“, се вели во соопштението на кинеските власти.