Кина ќе тестира цел град од 4,7 милиони жители поради еден случај со коронавирус
Масовното тестирање кое почнало во саботата открило 137 асимптоматски случаи досега.
Кина повторно ќе направи масовно тестирање на цел град откако коронавирусот се појави во провинцијата Ксинџијанг. Околу 4,7 милиони луѓе во градот Кашгар се тестираат, а досега се откриени 137 асимптоматски случаи, објави Би-Би-Си.
Кина успева да се ја држи долу стапката на инфекцијата, но и покрај тоа вирусот се јавува на разни места.
Провинцијата Ксинџијанг е дом на мусиманското малцинство Уигур во Кина. Училиштата се затворени, а на жителите им е кажано да не излегуваат од дома додека не добијат негативен тест.
Првиот случај во Кашгар била жена која работела во фабрика за облека и која била асимптоматска. Жената била откриена при рутинска проверка пред 10 дена. Масовното тестирање кое почнало во саботата открило 137 асимптоматски случаи досега. Ваквите случаи не се бројат во кинеската статистика, според која 85.810 лица биле заразаени со ковид-19. Вкупнот број на починати е 4.634.
Од саботата досега се направени повеќе од 2,8 милиони тестови, а резултатите ќе бидат познати за два дена.
Додека животот се враќа во нормала во поголемиот дел од Кина, се случува појава на вирусот во разни места, по што властите веднаш спроведуваат масовно тестирање.
Претходно, месецов, градот Кингдао ја тестираше целата популација од 9 милиони жители. Во мај, Кина тестираше 11 милиони жители на Вухан, каде за првпат беше регистриран новиот вирус.