КИНА ЌЕ ИМА 1.000 НУКЛЕАРКИ ДО 2030 ГОДИНА Пентагон изненаден од петкратното зголемување на арсеналот (ФОТО)
Изгледа дека погрешна беше процената на минатогодишниот извештај на Пентагон каде се мислеше дека Кина само ќе ги удвои од 200 на 400 своите нуклеарни боеви глави до крајот на деценијата. Во меѓувреме, САД и Русија ќе каскаат затоа што имаат потпишано договор за тоа колку максимум нуклеарки можат да произведат, а можеби целата нуклеарна трка ќе се претвори во хиперсонична: новите хиперсонични ракети ги побиваат досеагшните антиракетни системи бидејќи не ги фаќа радар и можат да ја менуваат насоката по желба.
Кина ќе има најмалку 1.000 нуклеарни боеви глави до 2030 година, а целокупниот нуклеарен арсенал на земјата ќе се зголеми за пет пати, обвинува извештај на американскиот Пентагон. Неконтролираното нуклеарно ширење на Кина ги изненади останатите светски сили, а доаѓа во очи на старо-новиот конфликт во Тајван, по изјавите на САД дека ќе го штитат островот доколку дојде до војна, пишува ИнтересноИнженерство.
China is rapidly expanding its nuclear arsenal and may have 1,000 nuclear warheads by the end of the decade as it aims to surpass US global influence by the middle of the 21st century, according to a major Pentagon report released on Wednesday. https://t.co/EzCVKTbx88
— Natasha Bertrand (@NatashaBertrand) November 3, 2021
Пентагон погрешно ја проценува моќта на Кина
Изгледа дека погрешна беше процената на минатогодишниот извештај каде се мислеше дека Кина само ќе ги удвои од 200 на 400 своите боеви глави. Годинешниот извештај на Пентагон, испорачан за време на „воените и безбедносните случувања во 2021 година во кои е вклучена Народна Република Кина“, го истакна и забрзаното темпо со кое Кина се движи во вселената и ги унапредува своите сајбер-капацитети во напор да ја модернизира својата Народноослободителна армија.
Според Министерството за одбрана, САД поседувале 3.750 боеви глави во септември 2020 година. Но, Новиот договор за намалување на стратешкото оружје (Новиот СТАРТ) со Русија постави ограничување на бројот на нуклеарни боеви глави кои Вашингтон може да ги има, на 1.550.
Кина ќе оди напред, САД и Русија „ќе си дишат во врат“
Кина не беше дел од овој руско-американски договор, а сега се чини дека Вашингтон и Пекинг ќе бидат поблиску по бројот на боеви глави кои можат да бидат распоредени во исто време. Со други зборови „ќе си дишат во врат еден на друг“.
Овој последен извештај ги потврдува амбициите на Кина да вложува и да изгради платформи за испорака на нуклеарно оружје, вклучувајќи подморници и бомбардери, од кои првите ги има многу, многу повеќе од САД. Ова го колеба Вашингтон да интервенира во Тајванскиот теснец, доколку се вжешти ситуацијата во Јужното Кинеско Море.
Нуклеарниот „чадор“ на САД би можел да застари
Во извештајот на Пентагон, исто така, се вели дека Кина можеби создала „нуклеарна триада“ во зародиш, додавајќи балистички ракети од подморница и воздух на својот веќе оперативен интерконтинентален балистички ракетен систем, што ја прави поотпорна ако биде нападната со нуклеарно оружје.
Ова е една од силните страни на Соединетите Држави со децении, но проширениот нуклеарен арсенал на Кина во комбинација со нејзиното неодамна тестирано хиперсонично оружје ја нагласува амбицијата на нацијата да изгради и одржува способност да ги напаѓа американските цели со докажана сигурност.

Хиперсонична Кина против нуклеарна Америка
Хиперсоничните ракети можат да летаат со брзина пет пати поголема од онаа на звукот и тешко се следат на радар поради тоа што летаат со неправилна траекторија, која може да биде менувана по желба од контролен центар на Земјата.
Тоа значи дека антиракетниот штит на САД и на Русија тешко би можел да се одбрани од хиперсонична ракета, што ја префрла топката од нуклеарна војна кон трка со хиперсонични оружја. Северна Кореја и Русија веќе тестираат свои хиперсонични ракети кои ги лансираат од подморници или подводни платформи, практично невидливи за навигација.
И сега со континуираната нуклеарна експанзија на Кина, светот може да се запраша дали нуклеарниот чадор на САД, кој служеше како невидлив штит за неколку сојузници во Европа, Азија и на други места, може да остане ефективен.
Се чини дека во моментот Кина е помалку загрижена од напад од САД, отколку што САД е подготвен да интервенира во Тајван.