КИНА ЌЕ ГРАДИ НОВА КУЛТУРА НА РАЃАЊЕ И БРАК Пекинг донесе мерки против нискиот наталитет
Усвоени се мерки за поповолни породилни бенефиции, субвенции за децата и нивното образование, како и поголема поддршка за семејствата со повеќе деца.
Кинеската влада денеска објави мерки за подобрување на планирањето на семејството и родителството, во обид да се зголеми наталитетот.
Државниот совет на Кина повика на напори за изградба на „нова култура на брак и раѓање“. Советот истакна дека се усвоени мерки за да се понудат поповолни породилни бенефиции, субвенции за децата и нивното образование, како и поголема поддршка за семејствата со повеќе деца.
Во Кина минатата година наталитетот достигна рекордно ниско ниво.