Кина ќе го поттикнува наталитетот

Многу двојки ги наведуваат економските и социјалните фактори како причина за одлуката да немаат повеќе деца, а експертите го поздравија поттикнувањето на наталитетот поради забележителното стареење на кинеското население. 

199

Кина размислува за дополнителни мерки за зголемување на наталитетот, повеќе од четири години по укинувањето на политиката со која на семејствата им беше дозволено да имаат само едно дете.

Кина со децении спроведуваше строга контрола на раѓањето со цел да заштеди ресурси за нејзината растечка економија.






Сепак, опаѓањето на наталитетот во Кина сега се смета како голема закана за економскиот напредок и социјалната стабилност.

Националната здравствена комисија вчера соопшти дека ќе спроведе истражување за „дополнително стимулирање на раѓањето“.

Многу двојки ги наведуваат економските и социјалните фактори како причина за одлуката да немаат повеќе деца, а експертите го поздравија поттикнувањето на наталитетот поради забележителното стареење на кинеското население.

Поврзани содржини