КИНА ЌЕ ЌАРИ ОД ПРОДАЖБАТА НА ТВИТЕР? Безос го обвини Маск дека има врски со Пекинг
И покрај предупредувањата на Безос за влијанието на кинеската влада врз западните технолошки фирми, неговата сопствена компанија се соочи со слични обвинувања минатата година по извештаите дека „Амазон“ соработувал со кинеската „пропагандна рака“ за да ги елиминира негативните критики за претседателот Си Џинпинг.
Милијардерот Џеф Безос на Твитер го обвини својот ривал Илон Маск дека со купувањето на Твитер ѝ прави услуга на Кина, пренесува РТ. Безос подоцна ја повлече изјавата, но еве што тој отпрвин напиша:
„Интересно прашање. Дали кинеската влада штотуку доби малку моќ над (критичната маса) на градскиот плоштад?“ праша тој, цитирајќи ја објавата на новинарот на Њујорк Тајмс, Мајк Форсајт, во кој се наведени деловните зделки на Маск во Кина.
Interesting question. Did the Chinese government just gain a bit of leverage over the town square? https://t.co/jTiEnabP6T
— Jeff Bezos (@JeffBezos) April 25, 2022
Под „градски плоштад“, секако Безос мислеше на луѓето кои сакаат да протестираат против власта во Кина. Но, познатиот богаташ подоцна ја поправи изјавата со нов твит. Тој рече дека сепак дека новиот Твитер на Маск нема да ѝ даде влијание на Кина, туку дека поверојатно е оти Маск ќе си направи компликации за другата негова фирма „Тесла“ која има фабрики во оваа земја.
„Но, ќе видиме. Маск е исклучително добар да плива во вакви сложености“, допишал Безос.
И покрај предупредувањата на Безос за влијанието на кинеската влада врз западните технолошки фирми, неговата сопствена компанија се соочи со слични обвинувања минатата година по извештаите дека „Амазон“ соработувал со кинеската „пропагандна рака“ за да ги елиминира негативните критики за претседателот Си Џинпинг.
Кинезите се втори најголеми купувачи на електрични автомобили по Американците. „Тесла“ на Маск брзо стана зависна од кинескиот графит од кој се прават нејзините батерии и има за цел да ја намали оваа зависност.
Извори на кои се повикува Ројтерс велат дека гигантот за е-трговија го направил тоа во согласност со „владин указ“, кој бил дел од „деценискиот напор на компанијата да добие наклоност во Пекинг да го заштити и развие својот бизнис на еден од најголемите пазари во светот“.
Од друга страна „Тесла“ на Илон Маск има силни врски со Кина. Не само што Кинезите се втори по купување електрични автомобили по Американците, „Тесла“ уште е зависна од кинескиот графит за да ги произведува батериите за возилата.