Кина доставува бесплатно вакцини во 69 земји
Вакцината е најмоќното оружје против коронавирусот, што дава надеж за спасување животи“. Кина ја прогласува достапноста на вакцината за глобално јавно добро - рече министерот за надворешни работи Ванг Ји.
Властите во Кина со бесплатни вакцини за коронавирусот снабдуваат 69 земји и ги продаваат на 43 други, изјави министерот за надворешни работи Ванг Ји.
Пекинг вети дека ќе обезбеди 10 милиони дози вакцини, главно на земјите во развој, преку програмата „Ковакс“.
– Вакцината е најмоќното оружје против коронавирусот, што дава надеж за спасување животи“. Кина ја прогласува достапноста на вакцината за глобално јавно добро – рече тој.
Кина работи со повеќе од 10 земји за заеднички развој и производство на вакцини, привлекувајќи повеќе од 100.000 волонтери.
– Подготвени сме, заедно со странски партнери, да го разгледаме прашањето за заемно признавање на вакцинацијата и заеднички да развиеме конкретен план за ова – рече министерот.
Кинеските власти обезбедија вакцини за коронавирусот на мировниците на ООН и се подготвени да обезбедат материјали за Меѓународниот олимписки комитет и учесниците.
Кинескиот дипломат истакна дека Пекинг е желен да помогне во вакцинирањето на земјите во развој. Неговата земја нема за цел да се натпреварува по ова прашање на меѓународната сцена, бидејќи најважно е производот да биде безбеден и сигурен.
Кинеските власти продолжуваат да работат активно со други земји за објавување на конечна победа над пандемијата. Пекинг е подготвен да им помага на другите земји се додека заразата не исчезне целосно.
– Солидарноста е сила, а упорноста ќе ни донесе победа – заклучи Ванг Ји.