Ким сакаше да ме затвори во лудница, нови испади на Канjе Вест

1,612

Се чини дека менталната состојба на познатиот рапер и дизајнер, Канjе Вест кој сака да стане следниот претседател на САД, станува сѐ полоша. Откако го одржа својот прв митинг, на кој плачеше пред присутните и изјави дека сакал „да си го убие своето дете“, раскажувајќи ја приказната како тој и Ким Кардашијан, кога била бремена со најстарата ќерка Норт, сакале  Ким да абортира, сега „распали“ и по својата сопруга и мајка на неговите четири деца.

Иако твитовите во меѓувреме ги избриша, корисниците на социјалните медиуми имаа доволно време тоа да го документираат.






„ Ким се обиде да доведе доктори да ме затворат. Ако ме затворат како Мандела… ќе знаете зошто“, стои во еден од твитовите, а не остана  должен ниту на својата тешта Крис Џенер.

„Крис, не играј си со мене. Не си добродојдена и не те сакам во близина на моите деца. Вие сите се обидовте да ме затворите.“

 

 

 

 

Поврзани содржини