Ким Џонг-ун е жив, сечеше лента за нова фабрика ВИДЕО

Си-ен-ен пишува дека не успеале да ја потврдат автентичноста на фотографијата, а не успеале да потврдат ниту кога е фотографирана.

756

Кинеските државни медиуми јавуваат дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун се појавил вчера,  на 1 Мај на отворање на фабрика, пренесе Си-ен-ен.

Ким, според агенција КЦНА, ја пресекол црвената лента на церемонијата на отворање хемиска фабрика, а присутните „громогласно извикувале „ура“ и на тој начин го поздравиле врховниот лидер“.

Тој изразил задоволство поради производниот систем на фабриката, нагласувајќи дека објектот претставува значаен придонес во напредокот на хемиската индустрија и производството на храна во земјата, наведува државниот медиум.

Од отворањето на фабриката е споделена и фотографија на која се гледа како Ким сече црвена лента, а зад него стои неговата сестра Ким Јо-Џонг. Си-ен-ен пишува дека не успеале да ја потврдат автентичноста на фотографијата, а не успеале да потврдат ниту кога е фотографирана.

Ким последен пат е виден на 11 април за време на седницата на Политбирото на владејачката Работничка партија. Оттогаш не е објавена ниту една актуелна фотографија, ниту пак видео снимка.

 

Поврзани содржини