🎥 КИМ ЈОНГ УН ПЛАЧЕШЕ КАКО МАЛО ДЕТЕ Лидерот на Северна Кореја ги молеше жените да раѓаат повеќе деца

„Спречувањето на падот на наталитетот и добрата грижа за децата се сите наши домашни обврски што мораме да ги извршуваме додека работиме со мајките“, рече тој, цитиран од новинската агенција Ројтерс.

1,166

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се расплака на неодамнешниот состанок со жените, каде повика на напори за борба против опаѓањето на наталитетот во земјата.

На снимката, која се прошири на социјалните мрежи, може да се види Ким Јонг Ун како гледа надолу и ги брише солзите од лицето.






„Спречувањето на падот на наталитетот и добрата грижа за децата се сите наши домашни обврски што мораме да ги извршуваме додека работиме со мајките“, рече тој, цитиран од новинската агенција Ројтерс.

Сè се случило на Националниот состанок на мајките организиран во Пјонгјанг. На митингот Ким Јонг Ун ги повика жените да раѓаат повеќе деца „за доброто на партијата, револуцијата и на целата земја“.

Заблагодарувајќи им се на мајките за нивната улога во зајакнувањето на националната моќ, Ким Јонг Ун рече:

– Секогаш мислам и на мајките кога ми е тешко да се справам со партиската и државната работа.

Поврзани содржини