КИМ ЈОНГ-УН ГО „ПОЗДРАВИ“ БЛИНКЕН СО РАКЕТА ВО ЈАПОНСКОТО МОРЕ Американскиот државен секретар ја изрази својата загриженост во Сеул

Имаме причина да веруваме дека Москва планира да сподели напредни технологии за сателити со Пјонгјанг, рече американскиот државен секретар на прес-конференција во Сеул во Јужна Кореја додека балистичка ракета беше истрелана во Јапонското Море.

3,735

Северна Кореја истрела балистичка ракета во Јапонското Море за време на посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Сеул во Јужна Кореја, информираат јужнокорејските воени сили.

Ова е прв ракетен тест на Северна Кореја по два месеца.






Блинкен за време на посетата рече дека Русија би можела да го признае нуклеарниот статус на Северна Кореја, но и да ѝ достави напредно оружје.

– КНДР веќе добива руско воено оружје и обука. Имаме причина да веруваме дека Москва планира да сподели напредни технологии за сателити со Пјонгјанг – рече Блинкен на прес-конференција во Сеул.

Бликен и неговиот јужнокорејски колега Чо Те-Џул на заедничката прес-конференција го осудија тестирањето на балистичка ракета од Северна Кореја, нагласувајќи дека тоа ги прекршува резолуциите на Обединетите Нации.

Според последните информации, станува збор за ракета со среден дострел. Јапонската крајбрежна стража потврди дека ракетата паднала надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија.

Посетата на Блинкен се одвива во време на политичка криза во Јужна Кореја, каде Парламентот го отстрани од функцината претседателот Јун Сук-Јеол поради воведувањето на краткотрајна воена состојба минатиот месец.

Поврзани содржини