КИЛОМЕТАРСКИ КОЛОНИ НА УЛИЦАТА СКУПИ Изградбата на кружниот тек чекаше да заврши летото (ФОТО)

Очевидци сведочат дека дури и возило на Брза помош било заглавено во метежот и не можело да помине. 

474

Километарски колони возила чекаат за да минат по улицата Скупи каде пред вкрстувањето со булеварот 8. Септември е настанат застој поради почнување на градежните работи за новиот кружен тек.

Метежот е особено нагласен денеска и тоа во шпицот кога граѓаните одат или се враќаат од работа. Исто така, изведбата се врши во период кога граѓните се вратени од одмори и почнува новата учебна година што само го отежнува движењето и создава револт кај возачите.






Очевидци сведочат дека дури и возило на Брза помош било заглавено во метежот и не можело да помине.

Поврзани содржини