Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево вчера ја привеле М.Т.(22) од Кичево, соопшти МВР.
– При претрес во нејзиниот дом во Кичево, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле кафеава прашкаста матгерија, повеќе шишенца со непозната течност, марихуана и други предмети. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – велат од МВР.