Кичеец ги снимал Мицкоски и Заев

2,089

Првообвинетиот во судскиот процес „Рекет“, Бојан Јовановски речиси еден час пред судскиот совет, а во отсуство на обвинителката Вилма Русковска ги кажува своите завршни зборови на обвинението за перење пари и рекет врз бизнисменот Јордан Камчев.

– Јас сум сведок дека Кичеец го снимаше Мицкоски, го снимаше Заев, ме снимал и мене и тоа го употреби во Обвинителство како доказ против мене. Јас не се плашам од никого, ниту од Вице, ниту од Зоран Заев. Ме видовте ли дека јас носам некаква торба. Кичеец и Камчев имаа земање-давање. Јас знаев дека Русковска нема да дојде денеска, жалам што не дојде зошто носам марама Луј Витон и сакав да и ја подарам за да види дека овој монограм на Луј Витон го има и на други торби и куфери кои јас ги поседувам, а таа тврди дека Луј Витон торбата што ја носи Кичеец завршила кај моите родители. Торбиштето на Луј Витон што го носи Кичеец, не е истата што ја имам јас – рече Јовановски и покража фотографии на други торби Луј Витон и куфер што тој ги поседува.

Поврзани содржини